СЕДУММИНА ЈА СИЛУВАЛЕ ОТИ ГЛАСАЛА ЗА ОПОЗИЦИЈАТА ВО БАНГЛАДЕШ

    СЕДУММИНА ЈА СИЛУВАЛЕ ОТИ ГЛАСАЛА ЗА ОПОЗИЦИЈАТА ВО БАНГЛАДЕШВеста за нападот и групното силување предизвика протести низ земјата (Фото: Гети)

    Суд во Бангладеш нареди притворање на седум лица, вклучувајќи и локален лидер на владејачката партија Лига Авами, обвинувајќи ги за групно силување.

    Мајка на четири деца тврди дека била силувана од група мажи, само затоа што на минатонеделните избори гласала за опозициската Националистичка партија на Бангладеш. Овој напад предизвика протести и гнев на социјалните мрежи. Осомничените негираат учество во нападот, а лидерот Рухул Амин е исклучен од партијата.

    Премиерката Шеик Хасина од Лига Авами го обезбеди третиот едноподруго мандат на изборите, кои беа обележани со насилство и обвинувања за местење. Најмалку 17 луѓе загинаа во судирите помеѓу приврзаниците на двете политички страни.

    Сопругот на нападнатата жена изјави дека група мажи среде ноќ упаднала во нивниот дом, при што ги врзале него и четирите деца, а неа ја силувале. Со помош на соседите, 35-годишната жена била превезена во болница. Според локалните медиуми, таа претходно на гласачкото место била предупредена да не гласа за кандидатот на опозицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира