СЕМ АЛТМАН ЌЕ ЈА РАЗВИВА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО „МАЈКРОСОФТ“ ОТКАКО БЕШЕ ИЗБРКАН ОД „ОПЕНАИ“

    СЕМ АЛТМАН ЌЕ ЈА РАЗВИВА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО „МАЈКРОСОФТ“ ОТКАКО БЕШЕ ИЗБРКАН ОД „ОПЕНАИ“Алтман помогна да се развие популарниот четбот ЧетГПТ (Фото: АП)

    Два дена откако беше избркан од „ОпенАИ“ поради сомнеж во неговите способности, Сем Алтман му се придружи на „Мајкрософт“, каде што ќе води тим за развој на напредна вештачка интелигенција. Иако имало преговори за негово враќање во фирмата која го создаде популарниот четбот ЧетГПТ, за што се залагале и инвеститорите и вработените, „ОпенАИ“ за својот нов извршен директор го назначи Емет Шијар, бившиот шеф на „Твич“.

    „Мајкрософт“ соопшти дека останува посветен на својата соработка со „ОпенАИ“, и покрај тоа што го ангажираше Алтман. Извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, изјави дека Алтман ќе води нов тим за истражување на напредната вештачка интелигенција, а ќе му се придружи и Грег Брокман, кој поднесе оставка од функцијата претседател на управниот одбор на „ОпенАИ“.

    Шијар беше еден од основачите на стриминг платформата „Твич“, која е во сопственост на „Амазон“, но ја напушти во почетокот на оваа година.

    „ОпенАИ“ предизвика бум во светот кога пред една година го лансираше четботот ЧетГПТ, што ја заостри трката за развој на вештачката интелигенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира