СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ, НАЈСИЛНИОТ ИМАЛ ЈАЧИНА ОД 6,2 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР

    СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ, НАЈСИЛНИОТ ИМАЛ ЈАЧИНА ОД 6,2 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕРЛуѓе во паника излегуваат од згради во Истанбул по земјотресите (Фото: Анадолу)

    Серија земјотреси го погодија Истанбул денеска, од кои најсилниот имал јачина од 6,2 степени според Рихтерова скала, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации. Германскиот истражувачки центар за геонауки, пак, соопшти дека земјотресот бил со јачина од шест степени и се случил на длабочина од десет километри.

    Турските власти кажаа дека во периодот од 12:13 часот до 12:51 часот по локално време биле регистрирани три земјотреси. Останатите два биле послаби и имале јачина од 3,9 и 4,4 степени според Рихтерова скала. Епицентарот бил долж брегот на Мраморното Море близу Истанбул. Тресењата продолжиле и потоа.

    Министерството за внатрешни работи кажа дека земјотресите се почувствувале и во околните провинции.

    Последните силни земјотреси во Турција се случија во февруари 2023, кога загинаа повеќе од 53.000 луѓе, како и над 6.000 во Сирија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира