СЕВЕРНА КОРЕЈА РАСКИНА ВАЖЕН ВОЕН ДОГОВОР СО ЈУЖНА КОРЕЈА И ЌЕ РАСПОРЕДИ НОВИ ОРУЖЈА НА ГРАНИЦАТА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА РАСКИНА ВАЖЕН ВОЕН ДОГОВОР СО ЈУЖНА КОРЕЈА И ЌЕ РАСПОРЕДИ НОВИ ОРУЖЈА НА ГРАНИЦАТАВо вторникот, Северна Кореја лансираше ракета за која се верува дека носела шпионски сателит

    Северна Кореја целосно раскина пет години стар договор со Јужна Кореја, наменет за намалување на воените тензии во регионот. Ова следува откако Северна Кореја завчера лансираше шпионски сателит, по што Сеул кажа дека ќе го суспендира договорот и ќе ги обнови набљудувачките летови долж границата.

    Северна Кореја сега објави дека целосно се повлекува од Сеопфатниот воен договор и дека ќе распореди посилни трупи и опрема на границата.

    Отсега, нашата војска веќе никогаш нема да биде врзана за воениот договор север-југ од 19 септември. Ќе ги повлечеме сите мерки преземени за да се спречи воен конфликт во сите сфери и ќе распоредиме помоќни вооружени сили и воена опрема од нов тип“, соопшти Пјонгјанг.

    Во вторникот, Северна Кореја лансираше ракета за која се верува дека носела шпионски сателит „малигјонг-1“, опишувајќи го како успешно. Војската на Јужна Кореја подоцна потврди дека сателитот влегол во орбитата, но било прерано да се каже дали е функционален. Сеул го осуди лансирањето, велејќи дека тоа ќе ѝ овозможи на Северна Кореја да ги набљудува јужнокорејските воени капацитети.

    Северна Кореја го прекрши договорот од 2018 повеќепати во изминатите години, испукувајќи проектили во морето во правец на Јужна Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира