СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ПОФАЛИ СО НОВ ХИПЕРСОНИЧЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ПОФАЛИ СО НОВ ХИПЕРСОНИЧЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛПјонгјанг тврди дека проектилот летал 12 пати побрзо од брзината на звукот (Фото: АП)

    Северна Кореја тврди дека лансирала нов хиперсоничен балистички проектил со среден дострел, за кој кажа дека би можел да скроти кој било ривал во пацифичкиот регион. Лансирањето се случи додека државниот секретар на САД Ентони Блинкен беше во посета на Сеул.

    Хиперсоничните оружја потешко се следат и пресретнуваат зашто се способни да летаат петпати побрзо од брзината на звукот. Пјонгјанг тврди дека неговиот проектил летал околу 1.500 километри и бил 12 пати побрз од брзината на звукот.

    Ова лансирање јасно им покажа на нашите ривали што правиме и дека сме целосно спремни да ги употребиме сите средства за да ги заштитиме нашите легитимни интереси“, изјави севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

    Војската на Јужна Кореја кажа дека проектилот летал 1.100 километри пред да падне во морето, опишувајќи го лансирањето како опасен чин на провокација.

    При посетата на Сеул, Блинкен кажа дека САД веруваат дека Русија планира да ја сподели својата напредна вселенска и сателитска технологија со Северна Кореја, но и да ја признае како нуклеарна сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира