ШЕФОТ НА ПЛАТЕНИЧКАТА ГРУПА „ВАГНЕР“ СЕГА ИМА ВЛИЈАНИЕ ВО КРЕМЉ ИСТО КОЛКУ И ЛАВРОВ И ШОЈГУ, ВЕЛИ РУСКИОТ ДИСИДЕНТ ХОДОРКОВСКИ

    ШЕФОТ НА ПЛАТЕНИЧКАТА ГРУПА „ВАГНЕР“ СЕГА ИМА ВЛИЈАНИЕ ВО КРЕМЉ ИСТО КОЛКУ И ЛАВРОВ И ШОЈГУ, ВЕЛИ РУСКИОТ ДИСИДЕНТ ХОДОРКОВСКИЕвгени Пригожин неодамна првпат призна дека ја основал „Вагнер“ (Фото: АФП)

    Лидерот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгени Пригожин, сега има политичко влијание во Кремљ исто колку и министрите за надворешни работи и одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу, кажа познатиот руски дисидент Михаил Ходорковски, кој разговараше со комитетот за надворешна политика во британскиот парламент. Пригожин, кој неодамна конечно призна дека ја основал „Вагнер“, имал директен пристап до Путин како и официјални функционери од владата.

    „Токму Пригожин стоеше зад неодамнешното назначување на генералот Сергеј Суровикин за шеф на руските воени операции во Украина и тесно соработува со него. Популарноста и моќта на ‘Вагнер‘ пораснаа во изминатите месеци зашто дејствува како алтернатива за поширока мобилизација“, откри Ходорковски.

    Сепак, додава тој, со капацитет од само 7.000 војници, „Вагнер“ нема да преземе вина ако руската воена операција во Украина пропадне.

    „Вината ќе падне на Шојгу и на финансиерот на Кремљ, Јури Ковалчук, за кои се верува дека најмногу го притискале Путин да почне инвазија, убедувајќи го дека Киев ќе падне за три дена“, изјави Ходорковски.

    Западните извори велат дека платениците на „Вагнер“ ја предводат актуелната руска офанзива на источниот град Бахмут.

    Пригожин (61) во септември беше снимен како регрутира борци меѓу руски затвореници, ветувајќи им слобода ако преживеат шест месеци во Украина. Набргу потоа призна дека ја основал групата „Вагнер“ во 2014. Во изминатите години, „Вагнер“ се обвинуваше дека ѝ помага на Москва во остварувањето на нејзините цели во странство, но и за воени злосторства. Кремљ ги негираше врските со групата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира