ШЕСТМИНА УБИЕНИ НА ПАРАДАТА ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА БЛИЗУ ЧИКАГО

    ШЕСТМИНА УБИЕНИ НА ПАРАДАТА ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА БЛИЗУ ЧИКАГОПолицијата кажа дека напаѓачот е белец на возраст меѓу 18 и 20 години (Фото: АП)

    Шест лица се убиени во пукањето на парадата за Денот на независноста близу Чикаго и полицијата кажа дека напаѓачот и натаму е во бегство. Настанот во Хајленд Парк во предградието на Чикаго наеднаш бил прекинат само десет минути по почетокот откако се слушнале истрели.

    Полицијата кажа дека напаѓачот е белец на возраст меѓу 18 и 20 години и го опиша како опасен и вооружен. Во болница се примени 24 луѓе.

    Ова е активен инцидент“, кажаа властите и им порачаа на оние кои се во областа да побараат засолниште.

    Еден од локалните жители изјави дека за краток период слушнал меѓу 20 и 25 истрели.

    Градоначалникот на Хајленд Парк изјави дека фестивалот е прекинат и побара од луѓето да ја избегнуваат областа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира