ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ БЛИЗУ АТИНА, ПОЛИЦИЈАТА СМЕТА ДЕКА Е ПРЕСМЕТКА НА КРИМИНАЛЦИ

    ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ БЛИЗУ АТИНА, ПОЛИЦИЈАТА СМЕТА ДЕКА Е ПРЕСМЕТКА НА КРИМИНАЛЦИТелата на убиените се пронајдени во и покрај автомобил со германски регистарски ознаки (Фото: ИнТајм њуз)

    Шестмина мажи се убиени кај Атина во пукање кое наликува на пресметка на ривалски криминални групи. Телата на убиените се пронајдени во и покрај автомобил со германски регистарски ознаки и некои извори сугерираат дека жртвите имаат албанско потекло, иако не се објавени детали за нивниот идентитет.

    Еден очевидец изјави за весникот „Катимерини“ дека десетици истрели се слушнале околу 18 часот на вкрстувањето на две улици во градот Артемида, околу 20 километри од Атина.

    Слушнавме истрели, серија истрели“, кажа тој.

    Истражителите бараат автомобил и мотоцикл кои би можеле да бидат вклучени во пукањето, кое се опишува како заседа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира