СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ ВО НАЈСИЛНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА ЛАВОВ ДОСЕГА

    СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ ВО НАЈСИЛНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА ЛАВОВ ДОСЕГАВластите кажаа дека пет проектили го погодија Лавов (Фото: Гети)

    Седум лица загинаа, а 11 се повредени во најсилниот ракетен напад на Лавов од почетокот на руската инвазија на Украина. Лавов, кој се наоѓа на западот на земјата близу полската граница, досега главно беше поштеден од бомбардирања и важеше за мирно прибежиште за илјадници бегалци.

    „Пет проектили го погодија Лавов“, кажа градоначалникот Андриј Садови.

    Регионалниот гувернер Максим Козицки изјави дека се погодени воени објекти, но и сервис за автомобили. Тој додаде дека меѓу загинатите е и едно дете.

    Воени аналитичари велат дека Русија ги засилува нападите на фабрики за оружје, железница и друга инфраструктура со цел да ја намали одбранбената способност на Украина во пресрет на големата офанзива на Донбас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира