ШИНЕД О‘КОНОР ПОЧИНАЛА ОД ПРИРОДНА СМРТ, ПОТВРДИ ОБДУКЦИЈАТА

    ШИНЕД О‘КОНОР ПОЧИНАЛА ОД ПРИРОДНА СМРТ, ПОТВРДИ ОБДУКЦИЈАТАО‘Конор беше пронајдена мртва во својот дом во јужен Лондон минатиот јули (Фото: Гети)

    Ирската пејачка и кантавторка Шинед О‘Конор починала од природна смрт, потврди обдукцијата. Педесет и шестгодишната О‘Конор беше пронајдена мртва во својот дом во јужен Лондон минатиот јули.

    Можеме да потврдиме дека О‘Конор починала од природни причини. Со тоа се затвора истрагата за нејзината смрт“, кажаа од лондонскиот институт за судска медицина.

    Ден откако беше објавена смртта на О‘Конор, полицијата кажа дека не се откриени сомнителни околности.

    Непосредно пред смртта, О‘Конор, која се прослави со хитот „Ништо не се споредува со тебе“ (Nothing Compares 2 U), напиша на својата фејсбук страница дека се вратила во Лондон по 23 години и го завршува албумот што треба да биде објавен во 2024. Таа притоа планирала и светска турнеја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира