ШЈИ ЏИНПИНГ ГО ПРЕДУПРЕДИ ПУТИН ДА НЕ КОРИСТИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА

    ШЈИ ЏИНПИНГ ГО ПРЕДУПРЕДИ ПУТИН ДА НЕ КОРИСТИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНАШји Џинпинг денеска го нагости Олаф Шолц во Пекинг (Фото: Гети)

    Кинескиот лидер Шји Џинпинг го предупреди Владимир Путин да не користи нуклеарно оружје во Украина, а на германскиот канцелар Олаф Шолц, кого го нагости во Пекинг, му порача да се заложи за мировни преговори.

    Предупредувањето на Шји следува еден месец откако Путин се закани дека ќе ги штити руските територии со сите расположливи оружја.

    „Меѓународната заедница треба обединето да се спротивстави на употребата или на заканите за употреба на нуклеарното оружје. Светот треба да се залага да не се користи нуклеарното оружје, да не се води нуклеарна војна, со цел да се спречи нуклеарна криза во Европа и Азија“, рече Шји.

    Ова не е првпат кинескиот претседател да изрази загриженост поради акциите на Путин во Украина, но, сепак, не го повика директно да ја повлече својата војска.

    „Се согласивме дека заканувањето со нуклеарно оружје е неодговорно и опасно. Му кажав на претседателот Шји дека е важно Кина да го искористи своето влијание врз Русија“, изјави Шолц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира