ШЈИ ЏИНПИНГ НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА СИЛНА КИНЕСКА АРМИЈА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ИСТОРИСКИОТ ТРЕТ МАНДАТ КАКО ПАРТИСКИ ЛИДЕР

    ШЈИ ЏИНПИНГ НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА СИЛНА КИНЕСКА АРМИЈА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ИСТОРИСКИОТ ТРЕТ МАНДАТ КАКО ПАРТИСКИ ЛИДЕРШји кажа дека Пекинг никогаш нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила во однос на Тајван (Фото: АП)

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг ја бранеше својата контроверзна нулта ковид стратегија и најави изградба на силна кинеска војска на историскиот конгрес на Комунистичката партија, кој денеска почна во Пекинг.

    Тој треба да добие трет петгодишен мандат како шеф на партијата, со што делегатите ќе ја прекинат повеќедецениската традиција и ќе го направат најмоќен кинески лидер од Мао Це Тунг. Околу 2.300 делегати од целата земја се собраа на конгресот, на кој ќе се дискутира за клучните политики.

    Нулта ковид стратегија беше сенародна војна која имаше за цел да го спречи ширењето на вирусот“, кажа 69-годишниот Шји.

    И додека оваа политика спаси животи, таа остави тешки последици врз кинеските народ и економија.

    Во својот говор кој траеше помалку од два часа, Шји дури 73 пати го спомна зборот безбедност, а реформи само 16 пати, што е голем пресврт во однос на говорот пред пет години. 

    Зборувајќи за Тајван, тој нагласи дека мора да се постигне целосно обединување на земјата, при што „Пекинг никогаш нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила“. Шји го доби најголемиот аплауз токму за спротивставувањето на независноста на Тајван.

    Кина ќе ги забрза напорите за изградба на армија од светска класа и ќе ги засили своите способности за стратешко одвраќање“, кажа Шји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира