Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека е завршена делумната мобилизација на 300.000 воени резервисти, од кои десетици илјади веќе се испратени во борбени зони. Зборувајќи на состанок со Владимир Путин што се пренесуваше на телевизија, Шојгу кажа:
„Задачата што ја поставивте за мобилизација на 300.000 луѓе е комплетирана. Некои други мерки не се планирани“.
Шојгу кажа дека од мобилизираните 300.000 резервисти, 218.000 и натаму се на обука, додека 82.000 се распоредени во борбени зони. Од нив, половина се во активниот состав на руските единици.
Тој додаде дека во иднина, регрутирањето за војната во Украина ќе се базира врз доброволци и професионални војници, место да се мобилизираат уште резервисти.
Путин прогласи делумна воена мобилизација на 21 септември по серија воени неуспеси во Украина, што предизвика егзодус на десетици илјади борбено способни мажи во соседните земји.