ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ГУМЕНИ КУРШУМИ ГО СПРЕЧУВА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО КАТАЛОНИЈА

    ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ГУМЕНИ КУРШУМИ ГО СПРЕЧУВА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО КАТАЛОНИЈАНапнато е во Каталонија каде што денеска се одржува референдум за независност, откако шпанската полиција по наредба на централната влада од Мадрид ги спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање - интервенција на шпанската полиција во Барцелона (Фото: АП)

    Шпанската полиција пукаше со гумени куршуми кон едно гласачко место во главниот град на Каталонија, Барселона. Неколку луѓе се повредени, јавуваат локалните медиуми.

    Напнато е во Каталонија каде што денеска се одржува референдум за независност, откако шпанската полиција по наредба на централната влада од Мадрид ги  спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање и ги одзема материјалите за гласање.

    Во заштитата на правото на глас, учествуваат и самите граѓани кои со трактори и со автомобили ги штитат гласачките места од националната полиција. Организаторите на референдумот повикаа на мирен отпор на секоја полициска акција за да се избегнат посериозни инциденти.

    Во Џирона, полицијата влезе во гласачко место каде требаше да гласа лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон. Шпанската цивилна гарда влета на гласачкото место неколку минути пред каталонскиот лидер Карлес Пуџемон да гласа за референдумот за независност.

    Откако не можеше да гласа на регуларното гласачко место тој  гласаше на 110 километри североисточно од Барселона.

    Каталонската влада ги повика гласачите да гласаат на кое било избирачко место што е отворено во случај шпанската полиција претходно да го затворила нивното.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира