Шпанскиот премиер Педро Санчес објави дека нема да поднесе оставка по пет дена шпекулации за неговата иднина. Санчес минатата недела кажа дека се повлекува од јавните задолженија и дека ќе размисли дали ќе остане на функцијата откако против неговата сопруга беше покрената истрага за корупција.
Тој изјави дека ваквите обвинувања претставуваат кампања на вознемирување водена од десничарските медиуми. Обвинувањата против Бегоња Гомес беа изнесени од организацијата „Чисти раце“, чиј водач се поврзува со крајната десница.
Во четвртокот, јавниот обвинител на Мадрид побара истрагата да биде запрена поради недостиг на докази. „Чисти раце“ потоа призна дека обвинувањата можеби се неточни зашто биле засновани врз приказни од онлајн медиуми. За една од нив беше се докажа дека не е точна.
Откако Санчес најави дека би можел да поднесе оставка, илјадници луѓе излегоа на протести во Шпанија за да му дадат поддршка.