ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС ПРАВИ КОАЛИЦИЈА ЗА ОСТАНУВАЊЕ НА ВЛАСТ, СЕ СОГЛАСИ ДА СЕ СКРАТИ РАБОТНАТА НЕДЕЛА

    ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС ПРАВИ КОАЛИЦИЈА ЗА ОСТАНУВАЊЕ НА ВЛАСТ, СЕ СОГЛАСИ ДА СЕ СКРАТИ РАБОТНАТА НЕДЕЛАСанчес ќе мора да прифати и амнестија на каталонските сепаратисти (Фото: АП)

    Социјалистите и левичарската партија Сумар постигнаа договор за формирање влада во Шпанија, објавија тие денеска, а тој вклучува и предлог за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без да се менуваат платите.

    Договорот беше објавен по средбата на досегашниот премиер Педро Санчес со лидерката на Сумар и министерка за труд Јоланда Дијас. За да остане на премиерската функција, на Санчес му треба поддршка од 33-те пратеници на Сумар во долниот дом на парламентот, како и од партиите кои се залагаат за независност на Каталонија и Баскија.

    „Овој договор за четиригодишен мандат ќе ѝ овозможи на земјата да продолжи да расте на одржлив начин и да развива политики засновани врз социјална и климатска правда“, изјави Санчес.

    Иако соработката со Сумар е клучна, Санчес ќе мора да добие поддршка и од каталонските сепаратисти, кои бараат да се донесе закон за амнестија на луѓето кои беа вклучени во неуспешниот и незаконски референдум за независност во 2017. Ако не се договорат, Шпанија ќе оди на нови избори во јануари, на кои десничарската коалиција би можела да го освои апсолутното мнозинство што го испушти на 23 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира