ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС СЕ ПОВЛЕКУВА ОТКАКО НЕГОВАТА СОПРУГА СЕ НАЈДЕ ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА

    ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС СЕ ПОВЛЕКУВА ОТКАКО НЕГОВАТА СОПРУГА СЕ НАЈДЕ ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈАСанчес кажа дека одлуката за својата иднина ќе ја соопшти на 29 април (Фото: АФП)

    Шпанскиот премиер Педро Санчес објави дека се повлекува од јавните должности и ќе размисли дали ќе остане на функцијата откако неговата сопруга се најде под истрага.

    Под итно мора да решам дали да продолжам да ја водам владата или да ја предадам таа чест“, изјави Санчес.

    Суд во Мадрид кажа дека покренал истрага против Бегоња Гомес поради тврдења за корупција. Санчес изјави дека таа ќе ја брани својата чест и ќе соработува со истражните органи.

    Жалбата против Гомес ја покренала антикорупциската група „Чисти раце“, која во изминатите години учествуваше во неколку големи судски случаи и е предводена од лице кое се поврзува со крајната десница.

    Санчес кажа дека одлуката за својата иднина ќе ја соопшти на 29 април откако ќе размисли дали треба да остане на функцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира