ШРИ ЛАНКА ЈА НАМАЛИ БРОЈКАТА ЗАГИНАТИ ВО ВЕЛИГДЕНСКИТЕ НАПАДИ ЗА 100 ЛУЃЕ

    ШРИ ЛАНКА ЈА НАМАЛИ БРОЈКАТА ЗАГИНАТИ ВО ВЕЛИГДЕНСКИТЕ НАПАДИ ЗА 100 ЛУЃЕМесто 359, во нападите загинале најмалку 253 луѓе (Фото: АП)

    Властите на Шри Ланка го ревидираа бројот на жртвите во неделните терористички напади во Коломбо, намалувајќи ја за повеќе од 100 луѓе. Според најновите податоци, во серијата напади на хотели и цркви за Велигден загинале 253, а не 359 луѓе, како што последно беше објавено и властите кажаа дека ова се должи на грешка во пресметките.

    Повеќето од загинатите се Шриланканци, но меѓу нив има и десетици странци, објавија властите, додавајќи дека имало девет напаѓачи.

    Полицијата продолжи со рации и објави фотографии од уште седум лица кои се бараат во врска со нападите. Се верува дека тие се изведени од локална исламистичка група, која веројатно имала помош однадвор. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите, но не даде директен доказ за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира