ШТИТЕНИЧКА НА МЕРКЕЛ СТАНА НОВА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА НА ГЕРМАНИЈА

    ШТИТЕНИЧКА НА МЕРКЕЛ СТАНА НОВА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА НА ГЕРМАНИЈАКрамп-Каренбауер (десно) доаѓа на местото на Урсула фон дер Лајен (Фото: Гети)

    Анегрет Крамп-Каренбауер, која важи за штитеничка и наследничка на Ангела Меркел, е именувана за нов министер за одбрана на Германија. Таа ја презеде оваа функција само ден откако досегашната министерка Урсула фон дер Лајен беше потврдена за нов претседател на Европската комисија.

    Често нарекувана Мини-Меркел, 56-годишната Крамп-Каренбауер кон крајот на минатата година ја наследи Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија, поради што многумина ја гледаат како фаворит за иден канцелар.

    Ова ќе биде прва министерска работа за Крамп-Каренбауер, која е една од водечките фигури во германската политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира