ШТРАЈКОТ НА ХОЛИВУДСКИТЕ АКТЕРИ БИ МОЖЕЛ ДА ТРАЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ЗА ТОА ВРЕМЕ НИШТО НЕМА ДА СЕ СНИМА

    ШТРАЈКОТ НА ХОЛИВУДСКИТЕ АКТЕРИ БИ МОЖЕЛ ДА ТРАЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ЗА ТОА ВРЕМЕ НИШТО НЕМА ДА СЕ СНИМАИ актерите и сценаристите се жалат дека заработуваат помалку пари од порано (Фото: АП)

    Илјадници актери им се придружија на сценаристите во најголемиот штрајк во Холивуд во последните шест децении. Додека трае штрајкот, актерите нема да снимаат и промовираат филмови.

    Сценаристите штрајкуваат од почетокот на мај, а актерите им се придружија барајќи поправедна распределба на приходите од стримингот, подобри работни услови и гаранции дека нема да бидат заменети со вештачка интелигенција.

    Штрајкот би можел да трае до крајот на годината. Целата работа со стримингот ја промени парадигмата. Тие се обидуваат да нѐ исклучат, затоа што во стримингот се заработуваат многу пари, кои не сакаат да ги делат со сценаристите и актерите“, изјави Брајан Кокс, ѕвездата на хит-серијата „Следоред“.

    Разговорите за нов договор помеѓу Здружението на актерите (САГ) и стриминг гигантите пропаднаа во четвртокот, по што околу 160.000 актери и изведувачи објавија дека стапуваат во штрајк. Се очекува штрајкот да ги погоди и големите филмски продукции, како продолженијата на „Аватар“, „Гладијатор“ и „Дедпул“, но и новите сезони на популарни серии.

    И актерите и сценаристите се жалат дека заработуваат помалку пари од порано и дека договорите им се намалени со инфлацијата. Актерите велат дека исплатите за поединечни улоги им се намалиле, па мора да снимаат повеќе филмови за да ја заработат истата сума како пред неколку години.

    Здружението на режисерите не учествува во штрајкот, откако минатиот месец успеа да постигне нов сопствен договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира