ШВАЈЦАРИЈА ГО ОТКАЖУВА АВТОСАЕМОТ ВО ЖЕНЕВА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ШВАЈЦАРИЈА ГО ОТКАЖУВА АВТОСАЕМОТ ВО ЖЕНЕВА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТАвтосаемот во Женева секоја година привлекува 600.000 посетители од цел свет (Фото: АП)

    Швајцарската влада донесе одлука за откажување на сите настани на кои присуствуваат повеќе од илјада луѓе, што би можело да го погоди и престижниот Автосаем во Женева.

    Ова уследи откако низ земјата се регистрирани 15 случаи на коронавирус, па властите сметаат дека на овој начин ќе помогнат да се спречи неговото ширење.

    Автосаемот во Женева, еден од најголемите во светот на автомобилизмот, требаше да се одржи од 2 до 15 март. Тој секоја година привлекува 600.000 посетители од цел свет и ова би било негово прво откажување во 79-годишната историја.

    „Во екот на ширењето на коронавирусот, Федералниот совет ја категоризираше ситуацијата во Швајцарија како ‘специјална‘ согласно Актот за епидемии. Сите настани кои вклучуваат повеќе од илјада луѓе ќе бидат откажани. Забраната веднаш стапува на сила и ќе важи до 15 март“, соопшти владата.

    Токму Женева е еден од градовите каде што имаше случај на коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира