ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ ПО 55.000 ЕВРА НА СЕМЕЈСТВАТА ПОГОДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КРАН-МОНТАНА

    ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ ПО 55.000 ЕВРА НА СЕМЕЈСТВАТА ПОГОДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КРАН-МОНТАНАВо пожарот загинаа 41 лице, а 116 беа повредени (Фото: АП)

    Швајцарија соопшти дека семејствата погодени од пожарот во скијачкиот центар Кран-Монтана во новогодишната ноќ ќе добијат по 50.000 швајцарски франци (55.000 евра). Во пожарот во тамошен бар предизвикан од прскалки загинаа 41 лице, а 116 беа повредени.

    Придонесот за солидарност има за цел да обезбеди брза финансиска поддршка за жртвите и да послужи како гест на сочувство, соопшти швајцарскиот Федерален совет.

    Исплатата ќе се однесува на секое лице кое го загубило животот и на секое лице кое било хоспитализирано“, појасни Федералниот совет.

    Повеќето од загинатите биле тинејџери, а многумина од жртвите биле странци, вклучувајќи неколкумина од Франција и Италија.

    Федералниот совет соопшти дека ќе свика тркалезна маса за да им помогне на жртвите, осигурителите и властите да постигнат вонсудски спогодби, со што потенцијално ќе се избегнат долги правни битки. Советот планира да придонесе со сума до 22 милиони евра за вакви спогодби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира