Швајцарците ќе можат легално да си го сменат родот со посета на канцеларијата за матични книги од 1 јануари, што ја прави земјата еден од лидерите во европското движење за самоидентификување.
Швајцарија на тој начин им се приклучува Ирска, Белгија, Португалија и Норвешка како една од земјите што дозволуваат законска промена на родот без хормонска терапија, медицинска дијагноза или дополнителни проценки и бирократски чекори.
Според новите законски одредби во Швајцарија, секој граѓанин над 16 години ќе може да си ги промени родот и името само со изјава во матично. За помладите ќе треба дозвола од старателите.
Досега, во Швајцарија беше потребна потврда од медицинско лице за трансродовиот идентитет на лицето, а некои кантони исто така бараа лицето да помине низ хормонска терапија или анатомска транзиција за да може законски да си смени името или родот.
Неколку други европски земји, како Данска, Грција и Франција не бараат хормонска терапија, операција за промена на пол или психијатриска евалуација, но нивните правила предвидуваат повеќе чекори и услови.