ШВАЈЦАРЦИТЕ УБЕДЛИВО ГО ОДБИЈА ПЛАНОТ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ЕУ

    ШВАЈЦАРЦИТЕ УБЕДЛИВО ГО ОДБИЈА ПЛАНОТ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ЕУСпоред противниците на идејата, ова можеше да ги наруши односите на Швајцарија со ЕУ (Фото: ЕПА)

    Швајцарските гласачи убедливо го одбија предлогот за напуштање на договорот за слободно движење со Европската Унија, покажуваат излезните анкети.

    Радиодифузната мрежа СРФ објави дека 63% гласачи се изјасниле против планот на денешниот референдум, што траеше до пладне. Конечните резултати ќе бидат објавени подоцна.

    Приврзаниците на идејата сметаа дека ова ќе ѝ овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги прима само оние мигранти кои ги сака. Според противниците, ова можеше да ја втурне земјата во рецесија и да им ја одземе слободата на стотици илјади Швајцарци кои живеат и работат низ Европа.

    Референдумот беше организиран на иницијатива на десничарската Швајцарска народна партија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира