ШВЕДСКА ЈА ПОВИКА ВОЈСКАТА НАПОМОШ ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО ПОРАСТОТ НА НАСИЛСТВАТА НА КРИМИНАЛНИТЕ БАНДИ

    ШВЕДСКА ЈА ПОВИКА ВОЈСКАТА НАПОМОШ ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО ПОРАСТОТ НА НАСИЛСТВАТА НА КРИМИНАЛНИТЕ БАНДИВо експлозија во Фулеро загина 25-годишна жена за која се верува дека била сосетка на лице поврзано со организиран криминал (Фото: АФП)

    Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја повика војската напомош по порастот на насилствата поврзани со криминалните банди. Кристерсон и заповедникот на генералштабот на шведската војска денеска ќе се сретнат со шефот на полицијата за да разговараат каква улога би можела да има војската во решавањето на овој проблем.

    Ова следува по крвави 12 часа во текот на кои двајца мажи беа убиени близу Стокхолм, а 25-годишна жена загина во експлозија во зграда во северниот дел на земјата.

    Ќе ги ловиме бандите и ќе ги поразиме“, кажа Кристерсон во ТВ-обраќање.

    Шефот на вооружените сили Микаел Биден изјави дека се подготвени да ѝ помогнат на полицијата. Нејасно е како точно војската би можела да се вмеша, но на претходни разговори било предложено таа да преземе одредени полициски должности за да може полицијата да има повеќе ресурси во борбата против криминалните банди.

    Само овој месец, 12 луѓе беа убиени во насилствата на бандите, најмногу од декември 2019. Шведските медиуми го поврзаа последниот пораст на насилствата со криминалната мрежа „Фокстрот“, која се подели на две ривалски фракции.

    Вакво нешто досега не е видено во Шведска, ниту некоја држава од Европа има искусено ваква ситуација. Деца и случајни минувачи сѐ почесто се случајни жртви во насилствата низ земјата“, кажа Кристерсон.

    Во последната експлозија во Фулеро, оддалечен 80 километри од Стокхолм, загина една жена за која се верува дека била сосетка на лице поврзано со организиран криминал. Минатата година, повеќе од 60 луѓе беа убиени во пукања низ Шведска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира