ШВЕДСКИОТ ГЕНЕТИЧАР СВАНТЕ ПАБО ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА

    ШВЕДСКИОТ ГЕНЕТИЧАР СВАНТЕ ПАБО ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНАПабо е награден за неговите истражувања за човековата еволуција (Фото: АП)

    Шведскиот генетичар Сванте Пабо (67) е годинашниот добитник на Нобеловата награда за медицина за неговите истражувања за човековата еволуција.

    „Пабо го оствари навидум невозможното кога го секвенционираше првиот геном на неандерталецот, откривајќи дека се вкрстувал со хомо сапиенс“, соопшти Нобеловиот комитет.

    Првите докази за ова откритие се појавија во 2010, откако Пабо пронашол метод да издвои, секвенционира и анализира ДНК од коски на неандерталец.

    „Пабо исто така оствари сензационален подвиг со откривањето на претходно непознат хоминин наречен денисова. Неговите откритија помогнаа да ја истражиме нашата еволуциска историја и како луѓето се распространувале низ планетата“, додаде Нобеловиот комитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира