Шведскиот крал Карл Густаф Шеснаесетти и кралицата Силвија имаа позитивен тест за коронавирус, соопшти палатата, додека земјата се наоѓа среде силен бран на заразата, предизвикан од сојот омикрон. На 30 декември, кога здравствените власти ги објавија последните бројки, Шведска имаше 11.507 нови случаи на коронавирус, што е рекорд од почетокот на пандемијата.
„Кралот и кралицата, кои се вакцинирани со три дози, имаат благи симптоми и се чувствуваат добро, со оглед на околностите“, соопшти кралската палата.
Карл Густаф, чија улога е главно церемонијална, стана крал на Шведска на 27 години, по смртта на неговиот татко Густаф Шести Адолф во 1973, со што е монарх со најдолг стаж во историјата на земјата.
По мирна есен, во Шведска повторно има големо ширење на коронавирусот. Омикрон се шири особено брзо во урбаните средини и сега на него отпаѓаат половина од новите случаи.