СИ-ЕН-ЕН ОТПУШТИ РАБОТНИЦИ КОИ ДОАЃАЛЕ НА РАБОТА НЕВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    СИ-ЕН-ЕН ОТПУШТИ РАБОТНИЦИ КОИ ДОАЃАЛЕ НА РАБОТА НЕВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19Компаниите во САД имаат законско право да побараат од своите вработени да бидат вакцинирани (Фото: Гети)

    Си-Ен-Ен отпушти тројца вработени кои доаѓале на работа невакцинирани против ковид-19, што е еден од првите такви случаи во големите компании во САД.

    Со одлуката на американската влада од мај, компаниите имаат законско право да побараат од своите вработени да бидат вакцинирани. Фирми како Фејсбук и Гугл кажаа дека ќе го бараат тоа од своите вработени кога во наредните месеци повторно ќе ги отворат канцелариите.

    Според политиката на Си-Ен-Ен, вакцинирањето е задолжително за сите кои работат на терен или во канцеларија.

    „Да бидам јасен, имаме политика на нулта толеранција за ова“, изјави шефот на медиумскиот гигант Џеф Закер.

    Претседателот Џо Бајден им нареди на два милиона федерални работници да се вакцинираат или ќе мора да носат маска и редовно да се тестираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира