СИ ИГРАТЕ РУСКИ РУЛЕТ СО ЖИВОТИТЕ НА МИЛИОНИ ЛУЃЕ, ШПАНИЈА НЕ ВЕРУВА ВО РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ СО БОМБИ, МУ КАЖА ПРЕМИЕРОТ САНЧЕС НА ТРАМП

    СИ ИГРАТЕ РУСКИ РУЛЕТ СО ЖИВОТИТЕ НА МИЛИОНИ ЛУЃЕ, ШПАНИЈА НЕ ВЕРУВА ВО РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ СО БОМБИ, МУ КАЖА ПРЕМИЕРОТ САНЧЕС НА ТРАМПСанчес вели дека Шпанија се противи на повторувањето на грешките од минатото (Фото: АП)

    Шпанскиот премиер Педро Санчес изјави дека позицијата на Шпанија во однос на војната во Иран е јасна и конзистентна, како што беше и во случајот со Украина и Газа. Тој се најде на удар на Доналд Трамп откако Мадрид не им дозволи на САД да ги користат заедничките воени бази во Шпанија за напади врз Иран, по што американскиот претседател се закани дека ќе ги прекине сите трговски односи со Шпанија.

    „Шпанија се противи на кршењето на меѓународното право кое нѐ штити сите и не верува во претпоставката дека светот може да ги реши своите проблеми преку конфликти и бомби. Ние се противиме на повторувањето на грешките од минатото. Позицијата на шпанската влада може да се сумира во: не на војна“, кажа Санчес.

    Трамп претходно ја критикуваше Шпанија и поради нејзиното одбивање да ги зголеми трошоците за одбрана на 5%, како што беше побарано од сите членки на НАТО.

    Санчес го предупреди Трамп дека не смее да игра руски рулет со животите на милиони луѓе.

    „Вака почнуваат големите катастрофи на човештвото. Ние нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и е спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме нечија одмазда“, рече шпанскиот премиер, алудирајќи на трговските закани од Трамп.

    Тој ги истакна негативните последици од војната во Ирак, како пораст на џихадистичкиот тероризам и зголемување на цените на енергенсите и смета дека последиците од нападот врз Иран се исто толку нејасни и ова нема да доведе до поправеден меѓународен поредок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира