СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ПОПЛАВИ ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ МИКОНОС И ПАРОС

    СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ПОПЛАВИ ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ МИКОНОС И ПАРОСНа Миконос, поплавите предизвикаа значителни нарушувања (Фото: Катимерини)

    На островот Миконос е воведена забрана за движење на возила додека продолжува невремето на Кикладите. Службата за цивилна заштита објави вонредна тревога пред 19 часот, со која се забранува движење на сите возила, освен на итните служби поради пороен дожд и грмотевици.

    Патувањето е забрането поради тешки временски услови“, се вели во предупредувањето.

    На Миконос, поплавите предизвикаа значителни нарушувања. Локалните власти реагираа во неколку инциденти кога луѓе беа заробени од надојдените води, но велат сите се безбедни.

    На Парос, силните бури предизвикаа големи поплави. Пожарникарите спасија две лица заглавени во возилата. Градоначалникот Константинос Бизас кажа дека реката Науса се излеала и однела автомобили. Парос воведе забрана за сообраќај на сите патишта.

    Училиштата на Родос утре ќе останат затворени поради лошата временска прогноза, најави градоначалникот Александрос Колијадис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира