СИН МУ НА ТРАМП ЛАНИ СЕ СРЕТНАЛ СО РУСКА АДВОКАТКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ НА КЛИНТОН

    СИН МУ НА ТРАМП ЛАНИ СЕ СРЕТНАЛ СО РУСКА АДВОКАТКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ НА КЛИНТОНДоналд Трамп Џуниор призна дека лани се сретнал со руска адвокатка која му ветила штетни информации за Хилари Клинтон (Фото: АП)

    Синот на американскиот претседател Доналд Трамп призна дека лани се сретнал со руска адвокатка, за која вели дека му ветила штетни информации за Хилари Клинтон. Но, Доналд Трамп Џуниор изјави дека Наталија Веселницкаја не дала „никакви значајни информации” за Клинтон.

    Исто така, на состанокот, за кој прв објави „Њујорк тајмс“, биле зетот на претседателот Џаред Кушнер и тогашниот шефот на кампањата Пол Џ Манафорт.

    Американските власти го испитуваат наводното руско мешање на изборите во САД.

    ФБИ и Конгресот истражуваат дали претставниците на кампањата во Трамп се здружиле со наводниот заговор на Кремљ за да ја поткопаат кампањата на Клинтон. Истрагите допрва треба да покажат доказ за дослух.

    Состанокот со Веселницкаја, за која се смета дека има врски со Кремљ, се одржа на 9 јуни, 2016 во Њујорк во Трамп кулата, само две недели откако Доналд Трамп ја обезбеди републиканската номинација. Ова се смета дека е прва потврдена приватна средба меѓу руски државјанин и член на внатрешниот круг на претседателот Трамп.

    Откако „Њујорк тајмс“ првпат објави за состанокот во саботата, и Трамп Џуниор и Веселницкаја потврдија дека тој се случил, но рекоа дека не се дискутирало за претседателската кампања на САД. Во неделата, „Тајмс” рече дека Трамп Џуниор се согласил на состанокот откако им беа понудени информации што потенцијално би можеле да се покажат штетни за Клинтон, која тогаш беше демократски претседателски кандидат. Весникот како извори цитираше три советници од Белата куќа што беа информирани за состанокот, а двајца со знаење за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира