СИНГАПУРСКИ АВИОН СЛЕТА ВО ПРИДРУЖБА НА БОРБЕНИ АВИОНИ ПО ДОЈАВА ЗА БОМБА ОД 13-ГОДИШНИК

    СИНГАПУРСКИ АВИОН СЛЕТА ВО ПРИДРУЖБА НА БОРБЕНИ АВИОНИ ПО ДОЈАВА ЗА БОМБА ОД 13-ГОДИШНИКАвионот со 144 патници безбедно слетал на аеродромот во Сингапур (Фото: Гети)

    Сингапурската војска испрати два борбени авиона да придружуваат патнички авион по дојава дека во него има бомба, за подоцна да биде утврдено дека станува збор за лажен повик, изјавија официјални лица.

    На летот од Филипини имало 144 патници и шест членови на екипажот, кога полицијата била известена за безбедносна закана. Локалните медиуми објавија дека зад лажната тревога стои 13-годишник, кој бил патник во авионот.

    „Тој сега им помага на властите во истрагата“, рекоа официјални лица.

    Портпаролот на сингапурскиот авиопревозник „Скут“ изјави дека авионот безбедно слетал на аеродромот „Ченги“ во Сингапур.

    „Два борбени авиона беа кренати за да го придружуваат авионот на ‘Скут‘, но се покажа дека е лажна тревога“, изјави министерот за одбрана на Сингапур, Нг Енг Хен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира