СИНОТ НА НОРВЕШКАТА КРУНСКА ПРИНЦЕЗА ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ И СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО

    СИНОТ НА НОРВЕШКАТА КРУНСКА ПРИНЦЕЗА ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ И СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВОМариус Борг Хоиби е син на крунската принцеза Мете-Марит и посинок на наследникот на тронот, крунскиот принц Хакон. (Фото:Гети)

    Полицијата во Осло денеска објави дека се поднесени обвиненија против Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката принцеза, по повеќе точки, вклучувајќи силување, сексуален напад и телесна повреда, по повеќемесечна истрага за случај во кој се вклучени „двоцифрен“ број наводни жртви. Хоиби, син на крунската принцеза Мете-Марит и посинок на наследникот на тронот, крунскиот принц Хакон, е под лупа откако беше постојано апсен во 2024 година поради обвинувања за силување и по прелиминарни обвиненија за телесна повреда и кривична штета.

    Обвинителот на полицијата во Осло, Андреас Крушевски, рече дека Хоиби соработувал за време на полициското испрашување, кое сега е завршено. Доказите во случајот се извлечени од извори, вклучувајќи текстуални пораки, сведоштва на сведоци и полициски претреси, рече обвинителот. Обвиненијата вклучуваат еден случај на силување со сексуален однос и два случаи на силување без сексуален однос, четири случаи на сексуален напад и два случаи на телесна повреда, рече Крушевски на прес-конференција.

    „Не можам да навлегувам во понатамошни детали за бројот на жртви во случајот освен да потврдам дека станува збор за двоцифрен број“, рече тој.

    Адвокатот на одбраната Петар Секулиќ, во е-пошта до агенцијата АП изјави дека Хоиби „апсолутно ги сфаќа обвинувањата многу сериозно, но не признава никакво злодело во повеќето случаи – особено во случаите што се однесуваат на сексуална злоупотреба и насилство“.

    Случајот беше главна вест во Норвешка, каде што кралското семејство е популарно.

    Хоиби (28), претходно живеел со кралскиот пар и нивните две деца, принцезата Ингрид Александра и принцот Свере Магнус, но сега живее во посебна куќа во близина, според Секулиќ. Хоиби останува на слобода во исчекување на евентуално судење и има право на презумпција на невиност сè додека судот не одлучи поинаку.

    Некогаш познат како „Малиот Мариус“, Хоиби го имаше вниманието на јавноста уживајќи во истото богатство и привилегии како и неговите кралски браќа и сестри, иако неговиот биолошки татко, Мортон Борг, отслужил затворска казна за дрога и насилни прекршоци. Хоиби признал употреба на кокаин и зависност.

    Идната кралица на Норвешка ги привлече насловните страници во 2001 кога се омажи за Хакон затоа што била самохрана мајка која живеела слободен живот со партнер кој бил осуден под обвиненија за дрога.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира