СИРИЕЦ СЕ РАЗНЕЛ СО БОМБА ВО ГЕРМАНИЈА, 12 ПОВРЕДЕНИ НА МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Ансбах,(БиБиСи)

    СИРИЕЦ СЕ РАЗНЕЛ СО БОМБА ВО ГЕРМАНИЈА, 12 ПОВРЕДЕНИ НА МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ

    Сириeц на кого му било одбиено барањето за азил се разнел ноќеска со бомба што ја носел во ранецот, а 12 луѓе се повредени, во близина на јужниот германски град Ансбах, соопштија локалните власти.

    Министерот за внатрешни работи на Баварија изјави дека 27 годишниот човек ја активирал бомбата откако не му било дозволено да влезе на музичкиот фестивал.

    По експлозијата биле евакуирани околу 2.500 луѓе од местото на настанот.

    Бомбашот влегол во Германија пред две години, а неговото барање за азил било одбиено пред една година, изјави баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман. Сепак, му било дозволено да остане привремено со оглед на ситуацијата во неговата родна земја, а му било обезбедено живеалиште Ансбах, додаде Херман.

    Министерот рече дека е “бесен” од нападот што, како што кажа, ја покажува потребата “да се зајакне контролата на оние што живеат во нашата земја”.

    Министерот Херман изјави дека човекот бил познат по тоа што два пати пробал да се самоубие и посетувал психијатриска клиника. “Ние не знаеме дали овој човек планирал самоубиство или имал намера за убиство на другите”, рече тој.
    Сепак, додаде дека бомбата во ранецот биле доволна за да убие многу повеќе луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира