СИРИЈА ЌЕ СЕ ПРИДРУЖИ НА ГЛОБАЛНАТА КОАЛИЦИЈА ПРОТИВ ИСЛАМСКА ДРЖАВА И ОТСЕГА ЌЕ БИДЕ ПАРТНЕР НА САД

    СИРИЈА ЌЕ СЕ ПРИДРУЖИ НА ГЛОБАЛНАТА КОАЛИЦИЈА ПРОТИВ ИСЛАМСКА ДРЖАВА И ОТСЕГА ЌЕ БИДЕ ПАРТНЕР НА САДАхмед ал-Шара стана првиот лидер на Сирија кој ја посетил Белата куќа откако земјата се здоби со независност во 1946 (Фото: Гети)

    Сирија ќе се придружи на меѓународната коалиција за борба против Исламска држава и објави дека почнува нова ера во односите со САД откако Доналд Трамп го прими нејзиниот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа. Тој стана првиот лидер на Сирија кој гостувал во Белата куќа откако земјата се здоби со независност во 1946 година.

    Оваа посета беше дел од нова ера во која Сирија ќе соработува со САД“; кажа Ал-Шара, кој до неодамна беше означен како глобален терорист.

    Сирија ќе стане 90. членка на коалицијата, чија цел е елиминирање на преостанатите елементи на Исламска држава и запирање на протокот на странски милитанти на Блиски Исток. Покрај тоа, САД објавија нови мерки за укинување на економските ограничувања за Сирија и суспендирање на сеопфатните санкции на 180 дена, воведени против режимот на Асад во 2019.

    Сакаме Сирија да биде земја која е многу успшена. И мислам дека овој лидер може да го постигне тоа“, кажа Трамп.

    Дипломатските односи помеѓу двете земји се суспендирани од 2012, но САД сега ќе дозволат повторно отворање на сириската амбасада во Вашингтон.

    Ова е голем пресврт за Ал-Шара, кој пред две децении бил притворен во Ирак, во центар управуван од САД, откако се придружил на борбата на Ал-Каеда против американските сили во регионот. Ал-Шара беше прогласен за терорист под името Мухамад ал-Џавлани, што го користеше како лидер на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам, која ги прекина врските со Ал-Каеда во 2016. САД по него имаа распишано потерница од десет милиони долари.

    Откако стана привремен сириски претседател, Ал-Шара се трудеше да го омекне својот јавен имиџ додека се обидува да ја обнови Сирија со странска поддршка по 13 години војна. Ал-Шара кажа дека со Трамп не разговарале за неговото минато, туку се фокусирале на сегашноста и иднината на Сирија, во која таа е геополитички и економски партнер на Вашингтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира