СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ВЛЕГЛЕ ВО АЛЕП ОТКАКО ПРЕД ТРИ ДЕНА ПОЧНАА ОФАНЗИВА

    СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ВЛЕГЛЕ ВО АЛЕП ОТКАКО ПРЕД ТРИ ДЕНА ПОЧНАА ОФАНЗИВАОфанзивата ја предводи исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (Фото: Гети)

    Сириските бунтовници тврдат дека влегле во Алеп, осум години откако силите лојални на владата во Дамаск ја презедоа контролата врз вториот по големина град во земјата.

    Борците на исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) тргнаа во голема офанзива оваа недела од нивната база во провинцијата Идлиб и по само три дена борби стигнале до Алеп, заземајќи територија околу градот за првпат во последните четири години.

    Турската новинска агенција „Анадолу“ објави дека бунтовниците влегле во Алеп, додека непотврдени снимки прикажуваат вооружени возила и униформирани милитанти на улиците на градот.

    Бунтовниците во силен налет освоиле десетици села и градови во околината на Алеп, како и база на сириската војска. Во борбите се приклучиле и сириски групи поддржани од Турција.

    Режимските линии на одбрана се распаднаа. Никој не очекувал дека бунтовниците толку брзо ќе стигнат до периферијата на Алеп. Нејасно е дали тие ќе успеат да ја задржат оваа територија и како Русија ќе реагира“, изјави Дарен Калифа од непрофитната организација Меѓународна кризна група.

    Над пола милион луѓе загинаа во граѓанската војна која почна во 2011 и Идлиб остана последното упориште на бунтовниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира