СИТЕ ЈУЖНОКОРЕЈЦИ ДЕНЕСКА СТАНАА ПОМЛАДИ ЗА ЕДНА-ДВЕ ГОДИНИ СО НОВ ЗАКОН

    СИТЕ ЈУЖНОКОРЕЈЦИ ДЕНЕСКА СТАНАА ПОМЛАДИ ЗА ЕДНА-ДВЕ ГОДИНИ СО НОВ ЗАКОНКорејците досега имаа два система за утврдување возраст (Фото: Гети)

    Јужнокорејците станаа за една-две години помлади откако на сила стапи новиот закон што ги заменува двата традиционални система на броење години со меѓународните стандарди.

    Според еден систем, Јужнокорејците имаа една година со самото раѓање зашто се броеше и времето поминато во стомакот, а со другиот систем, автоматски стануваа постари за една година на 1 јануари, наместо на сопствените родендени.

    Промената беше важен дел од ланската предизборна кампања на претседателот Јун Сук Јеол, кој тврдеше дека традиционалните системи предизвикувале непотребни социјални и економски трошоци. На пример, се јавувале проблеми со исплатите за осигурување и при утврдувањето подобност за владини социјални програми.

    Досега, најкористениот метод на броење години во Кореја беше „системот на корејска возраст“, со кој личноста се раѓа со една година и на 1 јануари добива година плус. Ова значи дека дете родено на 31 декември би имало две години наредниот ден.

    Со другиот систем, личноста се раѓа со нула години и секој 1 јануари станува постара за една година. Така ако некој е роден на 29 јуни 2003 има 19 години според меѓународниот систем, 20 според едниот и 21 година според другиот традиционален метод.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира