СКИТНИК ОД РОМАНИЈА ПРИВЕДЕН ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ЈА УБИЛ БУГАРСКАТА НОВИНАРКА МАРИНОВА

    СКИТНИК ОД РОМАНИЈА ПРИВЕДЕН ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ЈА УБИЛ БУГАРСКАТА НОВИНАРКА МАРИНОВАВикторија Маринова беше пронајдена мртва во парк во северниот град Русе

    Бугарската полиција привела едно лице, кое го сомничи за бруталното убиство на 30-годишната новинарка Викторија Маринова, која истражувала случаи на корупција, поврзани со фондовите на Европска Унија, објави Бугарското национално радио.

    Неименуваното лице е опишано како „државјанин на Романија, кој живеел како скитник“, јави радиото. Кај него бил пронајден молдавски пасош.

    Маринова беше пронајдена мртва во парк во северниот град Русе и првичната истрага покажа дека била силувана и убиена со удари во главата.

    Таа работела на локалната приватна телевизија ТВН, каде што ја уредувала емисијата „Детектор“. Полицијата не можеше да потврди дали убиството е поврзано со нејзината работа или станува збор за други мотиви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира