СЛАВНИОТ ИРАНСКИ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ ПОЧНАЛ ШТРАЈК СО ГЛАД ВО ЗАТВОР

    СЛАВНИОТ ИРАНСКИ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ ПОЧНАЛ ШТРАЈК СО ГЛАД ВО ЗАТВОРПанахи беше уапсен во јули, кога иранските власти решиле да му ја активираат затворската казна од 2010 (Фото: Гети)

    Наградуваниот ирански режисер Џафар Панахи почнал штрајк со глад, протестирајќи против својот продолжен притвор во Техеран, кажа неговата сопруга. Тој се решил на ваков радикален чекор откако пропаднале плановите за негово ослободување, иако неговиот адвокат успешно го оспорил притворот.

    Немав избор освен да се борам против нечовечноста на режимот со најдрагоценото нешто, мојот живот. Објавувам дека во знак на протест против незаконското и нечовечно однесување на судскиот и безбедносниот апарат почнав штрајк со глад на 1 февруари. Ќе одбивам да земам храна, вода и лекови сè до моето ослободување“, стои во изјавата на Џафари, што ја пренесе неговата сопруга Тахерех.

    Панахи беше уапсен во јули, пред да почне последниот бран антивладини протести, откако дошол во затворот Евин да протестира против приведувањето на неговите колеги Мохамад Расулоф и Мостафа Алеахмад.

    Иранските власти тогаш кажаа дека решиле да му ја активираат казната од 2010, кога беше уапсен откако ги поддржа масовните антивладини протести. Џафари притоа беше осуден на шест години затвор, но отслужи само два месеца, пред да биде пуштен на условна слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира