СЛОВАЧКИ НОВИНАР КОЈ ПИШУВАЛ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ И ДЕВОЈКА МУ ПРОНАЈДЕНИ УБИЕНИ

    СЛОВАЧКИ НОВИНАР КОЈ ПИШУВАЛ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ И ДЕВОЈКА МУ ПРОНАЈДЕНИ УБИЕНИЈан Куцијак работеше во сајтот Актуалити.ск и главно пишуваше за даночно затајување

    Словачки истражувачки новинар и неговата девојка беа пронајдени убиени во нивниот дом и полицијата се сомнева дека ова има врска со неговите текстови, кои се фокусираа на даночно затајување.

    Полицијата ги пронашла телата на 27-годишниот Јан Куцијак и на неговата девојка во куќа во градот Велка Маца, источно од Братислава, откако роднини се загрижиле за нив.

    „Ова, најверојатно, има врска со истражувачките активности на Куцијак. Тие се убиени некаде меѓу четвртокот и неделата, при што Куцијак бил застрелан во градите, а неговата девојка во главата“, изјави шефот на полицијата на Братислава, Тибор Гашпар.

    Убиствата ги осуди и словачкиот премиер Роберт Фико.

    „Ова е досега невиден напад врз слободата на медиумите и врз демократијата во Словачка“, кажа Фико.

    Тој додаде дека владата понудила награда од еден милион евра за информација која би помогнала да се откријат сторителите.

    Куцијак работеше во сајтот Актуалити.ск и главно пишуваше за даночно затајување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира