СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО Е СТАБИЛНО И ПОЧНАЛ ДА ЗБОРИ, ОРБАН ВЕЛИ ДЕКА Е МЕЃУ ЖИВОТОТ И СМРТТА

    СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО Е СТАБИЛНО И ПОЧНАЛ ДА ЗБОРИ, ОРБАН ВЕЛИ ДЕКА Е МЕЃУ ЖИВОТОТ И СМРТТАФицо останува во стабилна, но многу сериозна состојба (Фото: АП)

    Словачките лекари ќе се состанат в понеделник за да ја проценат здравствената состојба на премиерот Роберт Фицо и ќе разговараат за негово евентуално префрлање од Банска Бистрица во Братислава.

    Фицо останува во стабилна, но многу сериозна состојба и може да збори по малку, изјави идниот словачки претседател Петер Пелегрини два дена по атентатот што ја шокираше Европа. Словачкиот премиер беше застрелан неколкупати во гратчето Хандлова и оттогаш лежи во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран.

    Ова беше првиот атентат врз политички лидер во Европа по повеќе од 20 години и укажа на големите поделби кои постојат не само во Словачка, туку и на целиот континент.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Фицо се наоѓа меѓу животот и смртта.

    „Дури и ако заздрави, Фицо нема да може да се врати на работа со месеци. Ова се клучни времиња. Пред нас се изборите за Европскиот парламент и американските избори кои можат да го одлучат курсот на мирот и војната во Европа“, изјави Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира