СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ

    СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТВо петокот, над 50.000 Словаци излегоа на улиците барајќи оставки. - Роберт Фико (Фото: АП)

    Словачкиот премиер Роберт Фико поднесе оставка под притисок на јавноста, три недели по убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница. Фико беше на функцијата од 2012 година.

    Тамошните медиуми, истовремено, објавија дека мандатот за составување нова влада го доби 42-годишниот Петер Пелегрини.

    Сѐ уште неразјаснетото убиство на Куцијак, што се доведе во врска и со италијанска мафија, предизвика голема политичка криза во државата и пред Фико, оставки поднесоа и министрите за култура и за внатрешни работи. Во петокот, над 50.000 луѓе излегоа на улиците на Братислава и на други словачки градови, барајќи од Фико да го смени министерот за внатрешни работи и свој најблизок соработник, Роберт Калинак.

    Куцијак и неговата свршеница Мартина беа пронајдени застрелани во нивниот дом минатиот месец. Во моментот на убиството, Куцијак истражувал голема корупциска афера, во која, наводно, биле вклучени и луѓе од власта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира