СМЕНЕТ РУСКИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА

    СМЕНЕТ РУСКИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНАДмитри Булгаков беше задолжен за воената логистика од почетокот на руската инвазија

    Рускиот заменик-министер за одбрана Дмитри Булгаков е сменет и префрлен на друга позиција, објави министерството за одбрана. На местото на Булгаков дојде генерал-полковникот Михаил Мизинцев, кој раководеше со повеќемесечната опсада на Мариупол, поради што стана познат како „касапот од Мариупол“.

    Мизинцев, кој имаше важна улога и во руските воени операции во Сирија, често се нарекува и омилениот генерал на Путин.

    Булгаков беше задолжен за воената логистика од почетокот на инвазијата на Украина и неговата смена се сфаќа како казна за последните неуспеси на руската војска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира