СНИМКИТЕ ОД БУЧА СЕ НЕПОДНОСЛИВИ, РУСКИТЕ ВЛАСТИ МОРА ДА ОДГОВАРААТ, ВЕЛИ МАКРОН

    СНИМКИТЕ ОД БУЧА СЕ НЕПОДНОСЛИВИ, РУСКИТЕ ВЛАСТИ МОРА ДА ОДГОВАРААТ, ВЕЛИ МАКРОННовинарските екипи кои влегоа со украинската војска затекнаа мртви тела на цивили по улиците, некои од нив со заврзани раце зад грб. (Фото: Твитер)

    Францускиот претседател Емануел Макрон се приклучи на осудите за убиствата на цивили во Буча, предградие на Киев.

    „Снимките од Буча, ослободен град близу Киев, се неподносливи. На улиците, стотици цивили убиени на кукавички начин. Моето сочувство за жртвите, мојата солидарност за Украинците. Руските власти ќе мора да одговараат за овие криминали“, напиша Макрон на Твитер.

    Украинската војска вчера ја ослободи Буча, како и целиот киевски регион, откако руската војска се повлече кон Белорусија, од каде што го нападна главниот град на Украина пред повеќе од пет недели.

    Новинарските екипи кои влегоа со украинската војска затекнаа мртви тела на цивили по улиците, некои од нив со заврзани раце зад грб.

    Украинските власти соопштија дека во масовна гробница во Буча се закопани 57 луѓе.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира