Експлозии се слушнале ноќеска близу руското пристаниште на Црно Море, Новоросијск. Снимките на социјалните мрежи покажуваат гласна експлозија во пристаништето, кое е важен центар за рускиот извоз.
Руското министерство за одбрана кажа дека бил спречен украински напад со два поморски дрона, додавајќи дека тие биле уништени од бродовите кои го чуваат надворешното пристаниште на поморската база.
Поморските дронови се мали беспилотни пловила кои оперираат на или над површината на водата. Според потврдени информации, Украина досега извела најмалку десет напади со вакви дронови, чија цел биле воени бродови и руската поморска база во Севастопол. Извори од украинското министерство за одбрана кажаа дека вакви дронови биле користени и при неодамнешниот напад на Кримскиот мост, кога тој беше оштетен.
Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море. Судирите на морето се засилија во изминатиот период откако Русија се повлече од договорот за извоз на украинското жито.