СОБОРЕН РЕКОРДОТ НА „АПОЛО 13“, ЧОВЕКОТ ОТИДЕ НАЈДАЛЕКУ ВО ВСЕЛЕНАТА ДОСЕГА

    СОБОРЕН РЕКОРДОТ НА „АПОЛО 13“, ЧОВЕКОТ ОТИДЕ НАЈДАЛЕКУ ВО ВСЕЛЕНАТА ДОСЕГАКристина Кох, Виктор Гловер, Рид Вајсман и Џереми Хансен ќе достигнат максимална далечина од 406.772 километри (Фото: НАСА)

    Астронаутите на „Артемис 2“ го соборија рекордот на „Аполо 13“ и станаа луѓе кои отишле најдалеку од Земјата. На 11 април 1970, „Аполо 13“ отпатува 400.171 километар од Земјата, но Кристина Кох, Виктор Гловер, Рид Вајсман и Џереми Хансен ќе го надминат ова за 6.601 километар и ќе достигнат максимална далечина од 406.772 километри.

    Го надминуваме најоддалеченото растојание што луѓето некогаш го поминале од планетата Земја. Го правиме тоа во чест на извонредните напори и подвизи на нашите претходници во истражувањето на вселената. Ќе го продолжиме нашето патување уште подалеку во вселената, пред мајката Земја да нè повлече назад кон сè што ни е драго“, кажа еден од астронаутите.

    Тој ги предизвика оваа и следната генерација со цел овој рекорд да не биде долготраен.

    По постигнувањето на една од целите на мисијата, следниот предизвик за капсулата „Орион“ е прелетот на далечната страна на Месечината, што треба да се случи ноќва по полноќ по средноевропско време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира