СПАСЕНИ СИТЕ 41 РАБОТНИК КОИ 17 ДЕНА БЕА ЗАГЛАВЕНИ ВО УРНАТ ТУНЕЛ ВО ИНДИЈА

    СПАСЕНИ СИТЕ 41 РАБОТНИК КОИ 17 ДЕНА БЕА ЗАГЛАВЕНИ ВО УРНАТ ТУНЕЛ ВО ИНДИЈАЗаглавените работници редовно добиваа храна, вода, светлина, кислород и лекови низ цевка (Фото: АП)

    По неколку часа дупчење, индиските спасувачи ги извлекоа сите 41 градежен работник кои 17 дена беа заглавени во урнат тунел во Хималаите, објавија властите.

    Евакуацијата на мажите, слабо платени работници од една од најсиромашните индиски држави, почна повеќе од шест часа откако спасувачите успеаја да направат пробив низ урнатините во тунелот, кој беше блокиран од 12 ноември. Тие беа извлечени на носилки со тркалца низ 90 сантиметри широка челична цевка, при што целиот процес беше завршен за околу еден час. Пред тунелот чекаа амбулантни возила за да ги превезат работниците до најблиската болница, оддалечена 30-ина километри.

    Заглавените работници редовно добиваа храна, вода, светлина, кислород и лекови низ цевка, но напорите да се ископа тунел за да бидат извлечени надвор беа попречувани од низа потешкотии, технички проблеми и одложувања.

    Тунелот е дел од автопат вреден 1,5 милијарди долари, кој е еден од најамбициозните проекти на премиерот Нарендра Мори. Властите не кажаа што го предизвикало уривањето на тунелот, но познато е дека овој регион е подложен на свлечишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира