СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ГИ ИСТРАЖУВА ВРСКИТЕ НА ТРАМП СО РУСИЈА

    СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ГИ ИСТРАЖУВА ВРСКИТЕ НА ТРАМП СО РУСИЈАСпецијалниот обвинител Роберт Милер беше директор на ФБИ од 2001 до 2013 година. (Фото: Ројтерс)

    Поранешниот директор на ФБИ Роберт Милер беше именуван за специјален обвинител во истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД минатата година и други поврзани работи, соопшти американското министерство за правда.

    Милер (72) беше назначен за директор на ФБИ од поранешниот претседател Џорџ Буш и остана на функцијата 12 години, вклучувајќи добар дел од претседателствувањето на Барак Обама. Тој треба да ги истражи наводните врски меѓу претседателската кампања на претседателот Доналд Трамп и руски оперативци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира