„СПИРИТ ЕРЛАЈНС“ ПРЕСТАНУВА СО РАБОТА, ИЛЈАДНИЦИ ПАТНИЦИ ОСТАНАА БЕЗ ЛЕТОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН И СКАПОТО ГОРИВО

    „СПИРИТ ЕРЛАЈНС“ ПРЕСТАНУВА СО РАБОТА, ИЛЈАДНИЦИ ПАТНИЦИ ОСТАНАА БЕЗ ЛЕТОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН И СКАПОТО ГОРИВО„Спирит“ се соочува со финансиски проблеми уште од почетокот на пандемијата на ковид-19, а ова е втор банкрот во кој влегува за помалку од една година. - Авион на „Спирит“ на аеродромот во Канзас Сити (Фото: СДК.МК)

    Американската нискобуџетна авиокомпанија „Спирит ерлајнс“ веднаш ги прекинува своите операции, одлука која ќе влијае врз илјадници закажани летови и вработени. Компанијата во саботата наутро соопшти дека ги откажува сите летови и започнува процес на затворање на бизнисот. Од авиопревозникот ги известија патниците дека нивната служба за корисници повеќе не е достапна.

    „Спирит“ се соочува со финансиски проблеми уште од почетокот на пандемијата на ковид-19, а ова е втор банкрот во кој влегува за помалку од една година. Плановите за излез од кризата пропаднаа поради големиот пораст на цените на горивата предизвикан од војната со Иран. Од раководството велат дека зголемените трошоци за нафта и другите деловни притисоци значително влијаеле на нивната финансиска состојба, а бидејќи немаат пристап до дополнителни средства, биле принудени на овој чекор.

    Минатиот месец компанијата побара финансиска помош од Белата куќа, а претседателот Доналд Трамп првично покажа интерес за поддршка. Сепак, преговорите помеѓу компанијата, доверителите и администрацијата на Трамп пропаднаа во петокот, по што стана јасно дека затворањето е неизбежно.

    Извршниот директор на „Спирит“, Дејв Дејвис, вели дека за опстанок на бизнисот биле потребни стотици милиони долари дополнителна ликвидност кои не успеале да ги обезбедат. Тој додаде дека неговата намера не била нагло да ги прекинат летовите и да ги остават патниците во тешка состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира