СПРЕЈ ЗА САМООДБРАНА СО СОЛЗАВЕЦ ГО ЕВАКУИРАШЕ АЕРОДРОМОТ ВО ХАМБУРГ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Хамбург,(АФП)

    СПРЕЈ ЗА САМООДБРАНА СО СОЛЗАВЕЦ ГО ЕВАКУИРАШЕ АЕРОДРОМОТ ВО ХАМБУРГ

    Германските служби за итни ситуации привремено го евакуираа аеродромот во Хамбург денеска и им беше пружена помош на 70 луѓе откако во зградата беше пуштен солзавец, најверојатно како резултат на невкусна шега, соопштија властите.

    Аеродромот во северна Германија беше затворен и 13 летови беа одложени или пренасочени во периодот од 11 часот и 30 минути до 12 часот и 45 минути, откако луѓето почувствувале непријатна миризба и проблеми со дишењето, како и гадење и печење на очите.

    Пожарникарите подоцна рекоа дека нашле празнo шише со спреј во кое најверојатно бил солзавецот што во Германија се користи како средство за лична самоодбрана.

    Портпаролката на Противпожарната служба на Хамбург рече дека најверојатно непознато лице како невкусна шега го има пуштено солзавецот што се раширил преку системот за вентилација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира